»

KALENDAR

19

Mar

Matica hrvatskih obrtnika, Zagreb

Druga konferencija o dobroj ekonomiji

27

Nov

Sarajevo, 27.-30.11.2014

Otvoreni Univerzitet

21

Nov

Institut za filozofiju i društvenu teoriju / Kraljice Natalije 45 / Beograd

Stradanje Roma u Srbiji za vreme Holokausta

21

Oct

Muzej Vojvodine / Dunavska 37 / Novi Sad

Pisma i poruke antifašista iz Banjičkog logora

19

Oct

Beograd, Trg republike

Oslobođenje Beograda

»
AKTUELNO
08.12.2014 | Dom omladine Beograda, Beograd
Rosa Luxemburg Stiftung
Centar za politike emancipacije vas poziva na konferenciju...




20.02.2014 | Skopje, Makedonija

Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2012

Обележување на светскиот Ден на социјална правда

RLS - SEE / Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2012

20 февруари е прогласен за светски Ден на социјалната правда од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации. Светскиот Ден на социјалната правда ја актуелизира потребата за суштинска борба против сиромаштијата, невработеноста и општествената маргинализираност.

Левичарското движење „Солидарност“ ќе го обележи овој ден со трибина на која ќе се промовира нашата студија „Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2012“ и ќе се дискутира за теми поврзани со социјалната правда, како неправедната дистрибуција на државното богатство и фрапантниот податок дека Македонија има највисока класна раслоеност во цела Европа и поранешиот Советски Сојуз!

Студијата е дел од проект кој Левичарското движење „Солидарност“ го работи со Фондацијата „Роза Луксембург“ од Германија. Трибината ќе се одржи во просториите на Автономниот Културно Социјален Центар во Скопје со почеток во 20 часот. Автономниот Културно Социјален Центар се наоѓа на ул. Борка Талески 26, позади трговскиот центар Буњаковец.

Левичарското движење „Солидарност“ ја поддржува борбата на обесправените и маргинализирани групи и поединци, како што е борбата на стечајните работници. Нивната борба е и наша борба. Покажувајќи солидарност со нив, даваме придонес кон одбележувањето на светскиот Ден на социјалната правда и потсетуваме дека социјалната правда, хуманизмот и солидарноста се дел од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија. Да се избориме заедно за подобар и поправеден свет!

Ве очекуваме!




'